Македонија Ушковски: Судскиот совет нема да подлегне на никакви политички притисоци

Ушковски: Судскиот совет нема да подлегне на никакви политички притисоци

Претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, не ги коментира аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев, а кои укажуваат на директно мешање на извршната власт во судството, пренесуваат медиумите.

– Не би ги коментирал аудиоснимките за да се почитува презумцијата на невиност, а, во исто време, за истите наводи и за евентуалните повреди на законот нема правна завршница. Ве уверувам дека ние во Судскиот совет нема да подлегнеме на никакви политички претисоци кои се наметнуваат дали за дневнополитички потреби или од други различни мотиви и цели – изјавил Ушковски, а пренесува „24 Вести“.

Бранко Ушковски беше избран за претседател на Судскиот совет на 13 март годинава.