Свет Европа Урната контролната кула на аеродромот во Донецк

Урната контролната кула на аеродромот во Донецк

Проруските сили вчера ја урнаа контролната кула на аеродромот во Донецк, центарот на деветмесечниот вооружен конфликт меѓу Украина и сепаратистите, пренесуваат британските медиуми.

Според украинските сили, кои го контролираат аеродромот, зградата била изложена на тежок артилериски оган од проруските сили.

Бранителите на аеродромот наведуваат дека проруските сили вчера им дале ултиматум да ја напуштат кулата до 17 часот по локално време или ќе биде уништена.

Украински војници одбиле да го напуштат аеродромот, тврдејќи дека тој не е само стратегиски важен, туку, исто така, е и симбол на отпорот. Кулата набргу била урната.