Галерија Урбана инсталација: Митоловка и митовник, ефикасно средство за борба против корупцијата (Фото)

Урбана инсталација: Митоловка и митовник, ефикасно средство за борба против корупцијата (Фото)

Фото: Центар за современи уметности

Огромна стапица за ловење мито која се полни со евра е поставена денеска во центарот на Скопје како споменик по повод по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

„Митоловката претставува ново и многу ефикасно средство за борба против корупцијата во Македонија. Со оглед дека корупцијата го разјадува нашето општество, ја уништува нашата иднина и ги богати нашите политичари, олигарси и кој уште не, решивме да ja креираме oваа ефикасна алатка за борба против корупцијата. При развојот на Митоловката (мишоловката) тргнавме од фактот дека всушност примачите односно оние кои бараат мито се стаорци на општеството и согласно репликата од култниот Македонски филм „Среќна нова 49та“ решивме на стаорците на општеството да удриме со стаорски средства“, велат од Центарот за современи уметности.

Заедно со митоловката како прирачник за поставување мамки денеска беше промовиран и митовникот во кој на директен и сликовит начин се дадени упатствата.

Со оваа акција Центарот за современи уметности се приклучува на одбележувањето на 9 ти Декември – Меѓународен ден за борба против корупцијата.

Акцијата е дел од проектот Артиватор  на Центарот за современи уметности поддржан од Фондацијата отворено општество Македонија.