Македонија Управниот суд привремено ги поништи решенијата на Ременски за разрешување директори

Управниот суд привремено ги поништи решенијата на Ременски за разрешување директори

Управниот суд донесе одлука со која привремено ги поништи решенијата за разрешување на директорите на центрите за социјална работа и на јавните установи од страна на техничката министерка Фросина Ременски. Во решението за привремена мерка се забранува на министерот за труд и социјална политика, Ременски, да презема дејства во врска и по повод донесените решенија за разрешувања на директор и решенијата со кои назначува в.д. директори до донесување правосилна одлука по тужбата.

По овие разрешувања, дополнителниот заменик-министер, Диме Спасов, поднесе тужби до Управен суд по сомневање за незаконско постапување каде се спори административна процедура „во согласност со Закон за влада, каде во член 48, став 3 е предвидено дека во случај на сомневање произлезено од можно незаконско постапување од страна на министерот и/или дополнителниот заменик, може да се поднесе тужба до надлежниот суд. Во случај да се спорат административни процедури и одлуки може да се поднесе тужба до надлежниот Управен суд“.