Македонија Упис на првачињата во 2015/16 година

Упис на првачињата во 2015/16 година

Во тек е уписот на првачиња за учебната 2015/2016 година во сите основни училишта во Република Македонија.

Запишувањето на првачињата во прво одделение важи за сите деца што до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца кои се родени во 2009 година.

Детето може да се запише во прво одделение и доколку наполни шест години до 31 јануари наредната 2016 година, но по претходно барање од родителите (старателите) и по добиено мислење од стручните служби во училиштето.

Лани во основните училишта во Република Македонија се запишале околу 19.000 првачиња.