Македонија Унитети на Уставен суд ја оспори одлуката за распуштање на Собранието

Унитети на Уставен суд ја оспори одлуката за распуштање на Собранието

Партијата Унитети на Гзим Острени, денеска до Уставниот суд достави иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и на законитоста на решението за распишување предвремени избори од претседателот на Собранието.

Зуљфи Адиљи, пратеник на Унитети, рече дека со оваа иницијатива се оспорува решението за предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември бидејќи без балансирање на изборните единици се кршел член 22 од Уставот, кој гарантира еднаквост на избирачкото право, како и член 51 од Уставот.

Од партијата додаваат и дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ намерно ја оставиле шестата изборна единица да има огромни отстапувања во бројот на гласачите.

Претходно, од истата причина, одлуката за распуштање на Собранието ја оспори и Народното движење за Македонија на Јанко Бачев.