Свет Балкан Унгарија: Повеќе од 4.000 постапки против бегалците

Унгарија: Повеќе од 4.000 постапки против бегалците

Унгарската полиција покренала 4.255 постапки против бегалци, од кои 83 во пограничниот дел со Србија, а 4.171 постапка во пограничниот појас со Хрватска.

Од почетокот на годинава до синоќа на полноќ, во Унгарија се регистрирани вкупно 291.618 илегални преминувања на границата.

До затворањето на границата и стапувањето на сила на новиот, контроверзен закон за државна граница, досега се покренати 351 кривична постапка поради илегалното минување на границите.