Свет УНЕСКО: Уништувањето на храмот во Палмира е военo злосторство

УНЕСКО: Уништувањето на храмот во Палмира е военo злосторство

Екстеремистите на Исламска држава кои го уништија древниот храм во сирискиот град Палмира, направиле воено злосторство, оцени генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова.

– Уништувањето е воено злосторство и неповратен губиток за сирискиот народ и човештвото – наведе Бокова и додаде дека сторителите мораат да одговараат за своите постапки.

Исламска држава ја зазеде Палмира во мај, оваа година. Античкиот град, кој се смета за еден од најважните антички културни центри во светот, е познат по добро зачуваните остатоци од градби во грчко-римски стил и по храмот Балшамин, изграден пред речиси 2.000 години.
Според преданијата Пламира ја основал библискиот цар Соломон и бил еден од најбогатите градови.

Бокова во петокот предупреди дека екстремитите на Исламска држава во Сирија и Ирак учествуваат во најбрутално и систематско уништување на древни локалитети, невидено уште од Втората светска војна.