Македонија УНЕСКО: 28 септември е Меѓународен ден за пристап до информации

УНЕСКО: 28 септември е Меѓународен ден за пристап до информации

На Генералната конференција на УНЕСКО е донесена одлука 28. септември да биде прогласен за Меѓународен ден за универзален пристап до информации, пишува „Фридом инфо“ .

Одобрувањето од Генералната конференција дојде за време на состаноците во Париз, а на 11 ноември доби поддршка и од Комитетот на УНЕСКО.

На средбите, презентацијата ја направија Ангола, Мароко и Нигерија.

Овој ден уште од 2002 година се одбележувал под мотото „Право да знаеш“.