Македонија Уметниците-активисти со акција на скопскиот плоштад: „Држете растојание“ (галерија)

Уметниците-активисти со акција на скопскиот плоштад: „Држете растојание“ (галерија)

„Држете растојание, избегнувајте гужви, избегнувајте ракување, сведете ги контактите на минмум, заштитете се себеси и другите од невољата која нè снајде сите со пандемијата на Ковид-19,“ порачуваат уметниците со акцијата „Држете растојание“ и уметничката инсталација која денеска беше поставена на скопскиот плоштад.

Уметниците-активисти со акцијата на најексплицитен начин сакаат да ги потсетат граѓаните да ги почитуваат препораките и да се прдржуваат до упатствата кои ги издаваат надлежните државни органи.

„Сметаме дека во оваа ситуација превенцијата е најбитна и затоа преку јазикот на уметноста се обудуваме да ги комуницираме пораките за превенција од ширење на опасниот вирус. Како уметници и активисти неможеме да останеме неми во вакви ситуации и сметаме дека во овие тешки денови секој треба да го прави она што најдобро го знае вклучувајќи ги тука и уметниците и активистите кои преку своите дела можат да влијаат и да го информираат населението за мерките кои треба да се превземаат за самозаштита“, порачуваат активистите.

Акцијата им е посветена и е подарок на медицинските лица и здравствените работници кои деноноќно се борат да го зачуваат јавното здравје.

„На крајот а согласно препораките на Министерството за здравство сакаме да напоменеме дека при изработката на оваа акција непостоеше никаков директен контакт помеѓу членовите на групата туку работевме во фази и секвенцијално, секој човек ралзична фаза за да избегнеме директен контакт но и за да докажеме дека иако е тешко работите можат да се завршат и на овој начин“, нагласуваат уметниците.