Хроника Уметнички слики и икони украдени од галерија во Скопје

Уметнички слики и икони украдени од галерија во Скопје

Викедов крадец провалил во галерија за слики на булеварот Партизански одреди во Скопје и однел уметнички слики и икони, информира МВР.

Според полицијата, кражбата се случила ноќта меѓу саботата и неделата во галеријата „Леонардо“. Крадецот, со погоден алат, насилно успеал да провали во галеријата и ги зел уметничките слики и икони, чија вредост била проценета на околу 250.000 денари или околу 4.000 евра.

Полициски екипи извршиле увид на местото и преземаат мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот.