Ctrl - Z Уметничка акција на „Партизанска“: Стапица за антиваксери

Уметничка акција на „Партизанска“: Стапица за антиваксери

Центарот за современи уметности денес постави инсталација во Порта Буњаковец, во форма на стапица за глувци, на која се испишани дезинформации околу вакцинацијата

Фото: Центар за современи уметности

Центарот за современи уметности денес постави инсталација во Порта Буњаковец, во форма на стапица за глувци, на која се испишани дезинформации околу вакцинацијата.

Авторот на уметничката акција е Љубиша Камењаров, кој цели да ја покаже примамливоста на антиваксерските лажни вести, на кои „паѓаат“ граѓани кои не се во состојба да препознаат лажни вести.

Дезинформациите кои беа побиени вклучуваа тоа дека вакцините предизвикуваат аутизам и стерилитет, дека содржат токсични материи, дека природниот имунитет е подобар од вакцинирањето, и други.

Фото: Центар за современи уметности

„Акцијата „Стапица за антиваксери“ е посветена на борбата со лажните вести и дезинформациите кои се однесуваат на вакцините и на тој начин претставуваат сериозна закана по јавното здравје на секој од нас. Антиваксерското движење секојдневно јакне во Македонија и регионот, и тоа главно како резултат на лажните вести и дезинформациите поврзани со вакцините, кои секојдневно ги преплавуваат социјалните мрежи и онлајн просторот. Поразителниот резултат можевме да го видиме и оваа пролет, кога Македонија беше соочена со сериозна закана од експлозија на епидемијата на болеста Големи сипаници или попозната како црна или магарешка кашлица“, велат од Центарот за современи уметности.

Инсталацијата е дел низа уметнички акции на групата Урбани уметнички акции, преку кои македонски уметници активно се вклучуваат во борбата против лажните вести и дезинформациите.

Акцијата беше организирана од Центарот за современи уметности, КУП – Центар за истражувачко новинарство и Националното радио Канал 77, а беше поддржана од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.