Македонија Умерено облачно и студено време денеска

Умерено облачно и студено време денеска

Времето во Македонија денеска ќе биде малку до умерено облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. По одделни котлини претпладне ќе се задржи значителна облачност. Температурата во текот на денот ќе достигне од -1 Целзиусов степен до 5 степени.

Во Скопје времето ќе биде значително облачно, со слаб до умерен северен ветер, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи до 3 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благ пораст.