Галерија Улиците низ Охрид – лизгалишта, чаршијата – скијалиште

Улиците низ Охрид – лизгалишта, чаршијата – скијалиште

На последниот ден од старата и неколку часови пред новогодишното славје и дочекот на Нова година, охриѓани, заедно со нивните празнични гости, живеат во атмосфера и во услови на поларна зима. Седат дома на -10 Целзиусови степени, а само најхрабрите одлучуваат да прошетаат. Возила користат само оние што мораат, како и гостите од земјата и од странство. Улиците се подмрзнати, тротоарите – исто така. Невозможно е со визило да се стигне до стрмните делови на старото градско јадро, како и до висинската населба Гоце Делчев. Нема шетачи по кејот, градската чаршија повеќе наликува на скијалиште, возилата се оковани по паркинзите. Еве што покажува фотопрошетката на репортерот на новинската агенција „Мета“ од Охрид.