Свет Европа Украинските власти и проруските бунтовници разменија заробеници

Украинските власти и проруските бунтовници разменија заробеници

Украинските власти и проруските бунтовници во Источна Украина денеска разменија заробеници во присуство на ОБСЕ и на МКЦК.

Како што јавуваат локалните медиуми, украинските власти ослободија 11 заробеници, а сепаратистите девет, односно четворица затвореници на Донецката народна република и петмина на Лугањска народна република.

Официјален Киев тврди дека сепаратистите држат 148 украински војници како заложници, додека ДНР тврди дека украинските власти во заробеништво имаат 458 „доброволци“, 563 политички заробеници и 199 цивили кои не биле дел од судирите.