Свет Европа Украинскиот премиер во вторник ќе поднесе оставка

Украинскиот премиер во вторник ќе поднесе оставка

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска ја најави својата оставка, која официјално ќе ја поднесе до парламентот во вторник, на 12 април.

Тој својата одлука ја донел поради неколку причини, а тоа се вештачки предизвиканата политичка криза во Владата, желбата да се смени една личност што ги заслепела политичарите и ја парализирала нивната волја да донесат вистински промени за земјата.

Неговата партија Народен фронт ќе остане дел од владејачката коалиција и покрај неговото повлекување.

Тој изрази поддршка за Владимир Гројсман, претседателот на парламентот, кој е предложен за негов наследник на премиерското место од пратеничката група на блокот на претседателот Петро Порошенко.