Македонија Украински компании може да учествуваат на проекти со гасификацијата и железницата

Украински компании може да учествуваат на проекти со гасификацијата и железницата

Украински компании специјализирани за гасификација и железница биле заинтересирани да учествуваат во изведбата на проекти во Македонија, информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој се сретнал со амбасадорката на Укрaина во Македонија, Наталија Задоржњук која ја информирал за инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија.

„Амбасадорката ме информише дека постојат компании кои се специјализирани за овие сектори и се заинтересирани да учествуваат во реализација на овие проекти. Се надевам дека сите заинтересирани компании од Украина ќе пројават интерес на јавните повици што ќе ги објавиме во наредниот период за изградба на гасификационата и железничката мрежа во земјава“, изјави Сугарески.