Свет Европа Украина со закон ја укина воената неутралност

Украина со закон ја укина воената неутралност

Врховната рада на Украина денеска со 303 гласови „за“ и со осум гласови „против“, го усвои законот со кој се укинува воената неутралност на земјата.

Како што јавуваат украинските медиуми, со усвојувањето на законот се поттикнуваат напорите за приближување и за приклучување кон НАТО.

Официјален Киев во 2010 година го усвои законот за воена неутралност, но сега со неговото укинување се отвора пат за приклучување кон други воени сојузи.