Свет Европа Украина: Сепаратистите го кршат прекинот на огнот

Украина: Сепаратистите го кршат прекинот на огнот

Украинската војска денеска соопшти дека сепаратистите, кои ги поддржува Русија, во текот на ноќта неколкупати го прекршиле прекинот на огнот.

Главниот штаб на антитерористичките операции на Украина наведува дека сепаратистите 16 пати со минофрлачи и со гранати ги гаѓале позициите на владините сили во периодот од осум часот вечерта до шест часот изутринава.

Според Киев, повеќето гранати биле лансирани од провинцијата Донецк, а мета бил градот Авдивка и уште неколку града.