Свет Европа Украина: Пет загинати во последните 24 часа

Украина: Пет загинати во последните 24 часа

Пет лица загинаа во последните 24 часа на истокот на Украина. Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко, изјави дека двајца војници загинале, а 13 се ранети во нападите на проруските сепаратисти, кои користат тешко вооружување.

Претставникот на бунтовниците, Едуард Басурин, соопшти дека три жени загинале во гранатирањето на Горивке, триесетина километри североисточно од Донецк.

Набљудувачите на ОБСЕ ги обвинуваат Киев и проруските сепаратисти за кршење на примирјето, кое беше договорено во февруари во Минск.

Од почетокот на судирите во Украина, загинаа повеќе од 6.400 лица.