Подглавна секција Украина негира тврдење на Русија за контрола врз градот Маринка

Украина негира тврдење на Русија за контрола врз градот Маринка

Валери Залужњи, командантот на вооружените сили на Украина им признал на новинарите дека градот е во урнатини, но рекол и дека украинските војници се позиционирани на северното крило на територијата

Фото: ukrinform.net

Командантот на вооружените сили на Украина вчера изјави дека нивните војници останале во областа на источниот град Маринка и покрај тврдењата на рускиот министер за одбрана дека Москва ја контролира населбата, пишува Гардијан. 

Валери Залужњи, командантот на вооружените сили на Украина им признал на новинарите дека градот е во урнатини, но рекол и дека украинските војници се позиционирани на северното крило на територијата, додека популарен украински воен блог, Дипстејт, вчера објавил дека руските трупи ги презеле сите области на градот кои претходно биле надвор од негова контрола.

Заробувањето на Маринка би била најзначајната добивка на Москва на бојното поле од мај.

Залужњи им рече на новинарите дека руските сили веќе две години ја уништуваат Маринка.

Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, во телевизиско видео со рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот кажа дека навните единици целосно ја ослободиле населбата Маринка.

Путин рече дека преземањето на градот ќе им овозможи на руските трупи да можат да дејствуваат во поширока област.

Извештаите за воената активност не се потврдени од ниедна страна.

Дополнително, Русија загубила 355.750 војници во Украина од почетокот на нејзината инвазија, според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина денес. Ова вклучува 790 жртви што ги имаа руските сили во изминатиот ден.