Економија Украина го казни „Газпром“ со 3,5 милијарди долари

Украина го казни „Газпром“ со 3,5 милијарди долари

Украинската регулаторна агенција го кази рускиот доставувач на гас „Газпром“ со 3,5 милијарди долари поради злоупотреба на монополската позиција на украинскиот пазар за гас.

Одлуката ја објави на „Фејсбук“ Јури Терентјев, шеф на регулаторната агенција.

Руската компанија соопшти неделава соопшти дека Украина должи 2,549 милијарди долари за непреземен гас во третиот квартал на минатата година и да биде уплатени во рок од десет дена.

Компанијата објави дека Киев претходно се обврзал да плати минимално количество гас, дури и ако не го преземе во одреден период. Оваа одредба не важела за првиот, вториот и за четвртиот квартал на минатата година.

Украински „Нафтогаз“ претходно ја зголеми за 50 отсто транзитната такса за рускиот гас што се испраќа во Европа преку украинска територија.