Македонија Украдени компјутери од Универзитетот „Свети Апостол Павле“

Украдени компјутери од Универзитетот „Свети Апостол Павле“

Вчераутро во полициската станица Центар била пријавена кражба во административните простории на Државниот универзитет за информатички науки „Свети Апостол Павле“ – Охрид, информираат од полицијата.

Како што информираат оттаму, кражбата се случила во периодот меѓу 9 и 14 април, кога непознат сторител насилно, преку влезната врата, успеал да провали во просториите на Универзитетот, од каде однел три лаптоп-компјутери, марка „асус“, и телевизор.

Полицијата засега нема осомничен за кражбата.