Хроника Украдени експонати од Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола

Украдени експонати од Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола

Вчера во битолската полиција била пријавена кражба на експонати од Музеј – Спомен-куќа на Гоце Делчев, на улицата Стево Патакот.

Според полицијата, кражбата се случила во периодот од 3 до 8 април, кога непознат сторител насилно, преку влезната врата, провалил во музејот и одзел дел од експонатите, односно четири пиштоли, две пушки, две турски сабји и еден турски јатаган.

Екипа на СВР Битола извршила увид на местото и презема марки за расчистување на случајот.