Свет Балкан Украдени 30 снајпери од полициски магацин во Црна Гора

Украдени 30 снајпери од полициски магацин во Црна Гора

Треисет снајпери и значително количество муниција се украдени од полициски магацин, кој се наоѓал во зграда на црногорскиот Центар за безбедност во Подгорица, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

Црногорските медиуми јавуваат дека на информативен разговор се повикани повеќе лица кои имале пристап до магацинот, но оти засега никој не е официјално осомничен.

Црногорското МВР смета дека снајперите, кои имале и придушувачи, завршиле на црниот пазар.