Хроника Во Тетовско, украден накит вреден 15.000 евра

Во Тетовско, украден накит вреден 15.000 евра

Златен накит во вредност од околу 15.000 евра е украден од куќа во тетовското село Боговиње. Кражбата, како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, е извршена вчеравечер во периодот од 19.30 часот и 21 часот.

СВР Тетово поденесе пријава за засега непознати сторители, кои го искористиле моментот кога немало никого дома, по што со погоден клуч-калауз ја отвориле влезната врата од куќата.

Крадците целосно ја пребарале внатрешноста куќата и од фиока во спалната на катот одзеле поголемо количество златен накит чија вредност сопственикот ја проценува на околу 15.000 евра.

– Незабележани од никого, крадците со пленот избегале. Полицијата извршила увид и работи на откривање и на приведување на сторителите – рече Јосифовски.