Хроника Украдени два пиштола

Украдени два пиштола

Непознато лице во средата ограбило куќа на скопската улица Финска, сопственост на 33-годишниот С.Б.

Крадецот од куќата одзел пиштол марка „танфоглио“, калибар 9 милиметри, по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата, која вчера добила пријава за кражбата, работи на целосно расчистување на случајот.

Истовремено, дебарската полиција добила пријава дека од домот на 53-годишниот И.В. (53) од селото Мал Папрадник, во периодот од 18 ноември до 20 ноември 2015 година, од една од собите на катот од куќата, украден му бил пиштол марка „црвена застава“, калибар 7,62 милиметри.