Свет Укинувањето на санкциите кон Иран, најрано за половина година

Укинувањето на санкциите кон Иран, најрано за половина година

Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека почетокот на укинувањето на санкциите кон Иран може да се очекува најрано за половина година. Во ексклузивно интервју за „Гласот на Америка“, Кери истакна дека „постојат одредени работи кои мора да ги направат Техеран и Меѓународната агенција за атомска енергија“.

Пред укинувањето на санкциите, за спогодбата која е постигната на 14 јули, треба да гласа и американскиот Конгрес.

Договорот веќе е прифатен во Советот за безбедност на Обединетите нации, додека ЕУ го одобри договорот, а некои членки ги направија и првите чекори за обновување на трговските врски со Иран.