Македонија УКИМ и „Нова“ ќе потпишат меморандум за соработка

УКИМ и „Нова“ ќе потпишат меморандум за соработка

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународните училишта „Нова“ денеска ќе потпишат меморандум за соработка.

Со потпишувањето на овој меморандум се предвидува да почне соработката преку организација на настава по кинески јазик во училиштето „Нова“, а со тоа кинескиот јазик ќе се придружи на францускиот, италијанскиот, германскиот и на шпанскиот, коишто моментно се изучуваат како странски јазици во училиштето.

Наставата за современ кинески јазик и култура, на почеток, ќе ја следат 14 ученици.

Со отворањето на првата средношколска училница по кинески јазик, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пак, го почнува проектот за популаризација на кинескиот јазик и култура во Република Македонија.

По потпишувањето, ќе се одржи и демонстрациски час по кинески јазик.