Македонија УКИМ и Амбасадата на РФ ја одбележуваат соработката

УКИМ и Амбасадата на РФ ја одбележуваат соработката

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација, организира настан во знак на придонесот на меѓусебната соработка и развојот на образованието и науката.

Во соопштението на УКИМ се наведува дека откривањето плочка на спомен-плочата на донатори и на пријатели на УКИМ, е резултат на досегашната соработка со амбасадорот на Руската Федерација во РМ, Олег Николаевич Шчербак, и со неговите блиски соработници, со значајна поддршка на Владата на Република Македонија.

На настанот, свое обраќање ќе има ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак и проф. д-р Алексеј Пентковски од Московската православна духовна академија.

На настанот ќе бидат донирани 86 тома литература.