Хроника УЈП и МВР со контроли во 15 угостителски објекти во Тетово и...

УЈП и МВР со контроли во 15 угостителски објекти во Тетово и во Гостивар

Вчера УЈП, во соработка со МВР, спроведе контрола во 15 угостителски објекти, од кои девет лоцирани на подрачје на град Тетово и шест лоцирани на подрачје на град Гостивар.

При контролите, констатирани се нерегуларности и изречени се казнени мерки на 10 угостителски објекти, додека во три угостителски објекти, од кои два во Тетово и еден во Гостивар, не се констатирани никави прекршоци. Еден угостителски објект на подрачје на Гостивар бил затворен и не работел.