Економија УЈП: Барање на отпис на камата од социјални придонеси до 31 декември

УЈП: Барање на отпис на камата од социјални придонеси до 31 декември

Сите работодавци, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци, односно подносители на пресметки на бруто-плата, можат да поднесат барање за отпис на камати до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 декември, информираат од оваа институција.

Право на отпис на камати врз основа на достасани обврски за социјални придонеси има секој обврзник кај кого истите настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата.