Македонија УХМР: Драстично намалени нивоата на неколку реки во Македонија

УХМР: Драстично намалени нивоата на неколку реки во Македонија

Нивоата на реките Црн Дрим кај Ложани и на Вардар кај Јегуновце се петпати пониски од просекот за октомври, покажаа резултатите на денешното хидролошко мерење на УХМР.

Според мерењата, намалување на водостоите бележат и Вардар кај Зајчев Рид, Црна Река кај Новаци, Сатеска кај Ботун, Крива Река кај Крива Паланка, Треска кај Македонски Брод и Пчиња кај Катлановска Бања.

Повисоко ниво од октомврискиот просек имаат само Вардар кај Демир Капија и Брегалница кај Берово.

Според УХМР, нивото на Дојранското Езеро повторно е зголемено, од 82 сантиметра колку што е просекот за октомври, на 174 сантиметри, додека Охридското Езеро е нешто под просекот.