Економија Угостителските услуги во март поскапи за 6 отсто во однос на истиот...

Угостителските услуги во март поскапи за 6 отсто во однос на истиот месец лани

Цените на угостителските услуги минатиот месец, пак, во споредба со февруари 2024 година, биле зголемени за 0,2 отсто

Photo by Sandra Seitamaa on Unsplash

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Цените на угостителските услуги минатиот месец, пак, во споредба со февруари 2024 година, биле зголемени за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна (за 0,3 отсто) и Алкохолни пијалаци (за 0,1 отсто).

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6,2 проценти, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 0,7 отсто, соопштија од Државниот завод за статистика.