Економија Угостителските услуги во јуни поскапи отколку во мај

Угостителските услуги во јуни поскапи отколку во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2015 година, во споредба со мај 2015 година, е зголемен за 0,1 отсто.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата храна за 0,1 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,6 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- јуни 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 отсто, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0,3 отсто.