Македонија Учениците од денеска на распуст

Учениците од денеска на распуст

Од денеска почнува зимскиот распуст за учениците во основните и во средните училишта. Наставата треба да продолжи на 21 јануари 2016 година.

Распустот годинава почнува еден ден порано бидејќи секоја учебна година треба да има 180 работни денови, а февруари, бидејќи 2016 е престапна година, има 29 дена.

На зимски распуст во учебната 2015/2016 година ќе заминат околу 270.000 ученици.