Подглавна секција Убиство во германска гимназија, и жртвата и убиецот се ученици

Убиство во германска гимназија, и жртвата и убиецот се ученици

Обидот за реанимација на ученичката бил безуспешен. Полицијата и обвинителството вечерва соопштија дека девојчето било убиено со нож

Фото: René Priebe/dpa

Средношколка во Св. Леон-Рот, недалеку од Хајделберг во Германија, денеска беше убиена, а полицијата го сомничи нејзиниот дечко со кој наводно била во врска, ученик во истото училиште, пренесе ДПА.

Полицијата пристигнала во училиштето откако се вклучил алармот. На терен брзо пристигнале бројни полициски возила, спасувачки служби и хеликоптер.

Осомничениот 18-годишник побегнал, но брзо бил уапсен, соопшти полицијата.

Обидот за реанимација на ученичката, која исто така имала 18 години, бил безуспешен. Полицијата и обвинителството вечерва соопштија дека девојчето било убиено со нож.

Приватното средно училиште е основано во 1998 година на иницијатива на родителите од градот. Таму учат 685 ученици, а предаваат 85 наставници.

Убиство во Св. Леон-Рот, место со околу 14.000 жители, потсетува на ноемврискиот случај во Офенбург, кога 15-годишен ученик во училиште за деца со посебни потреби уби врсник.