Хроника Застрелано момче во Велес

Застрелано момче во Велес

Со прострелни рани, тело на 23-годишно момче денеска било пронајдено во непосредна близина на ветеринарната станица во Велес.

Случајот во полиција бил пријавен околу 12.30 часот и на местото веднаш заминала увидна екипа од СВР Велес и Јавен обвинител, кои сè уште вршат увид.

Според полицијата, телото со прострелни рани било најдено во прикола кај ветеринарната станица, во близина на фабриката „Киро Ќучук“.

Во интерес на истрага, од полицијата засега не откриваат повеќе детали за случајот.