Свет Европа Убиени пет украински војници

Убиени пет украински војници

Најмалку пет украински војници се убиени, а 12 се ранети во изминатите 24 часа на истокот на Украина, соопшти портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко.

Изјавата на Лисенко доаѓа неколку часа пред обновувањето на мировните преговори во Минск меѓу официјален Киев и проруските бунтовници.

Четворица војниците загинале откако со оклопно возило нагазиле на мина, додека петтиот војник е убиен кај селото Свитлодарск.