Свет Убиен вториот човек на ИД во Авганистан

Убиен вториот човек на ИД во Авганистан

Вториот човек на Исламска држава во Авганистан е убиен при дронски напад на неговото возило, јавуваат светските медиуми.

Мулата Абдул Рауф, авганистански милитантен командант, за кој се претпоставува дека се приклучил кон Исламска држава откако ги прекина врските со талбинаците, наводно е убиен во северната провинција Хелманд, јавува „Би-Би-Си“.

Неговото возило, кое превезувало шест лица, за време на нападот пренесувало експлозиви и муниција. Според непотврдени информации, останатите пет патници во автомобилот, исто така, биле бунтовници.

Авганистанскиот Национален директорат за безбедност официјално ја потврдија смртта на Рауф.