Свет Свет Убиен новинар на водечки магазин во Перу

Убиен новинар на водечки магазин во Перу

Убиениот перуански новинар Фернандо Рејмонди

Две непознати лице во неделата навечер убиле новинар на водечкиот перуански магазин „Каретас“, кој истражувал нарачани убиствата во провинциски град јужно од Лима.

Уредникот на магазинот „Каретас“, Америко Замбрано, соопшти дека 22-годишниот Фернандо Рајмонди е убиен во бакалницата на својот татко во градот Канете.

Убијците му наложиле на пријателот на Рејмонди да ја напушти бакалницата, а потоа го застрелале младиот новинар в гради. Рејмонди починал на пат кон болница.

Засега не е јасно дали убиството на Рајмонди е поврзано со неговото истражување на убиствата, а кои постои сомнеж дека ги нарачале криминалните банди поврзани со градежните фирми во Канете.

Рејмонди е втор перуански новинар убиен годинава, а четврти во последните две години.