Свет Европа Убиен директорот на „Кока-кола“ во Русија

Убиен директорот на „Кока-кола“ во Русија

Руската полиција денеска уапси две лица кои се осомничени за убиството на директорот на „Кока-кола“ во Санкт Петербург, кој исчезна минатата недела.

Директорот Дмитриј Сошников исчезна во петокот и оттогаш е отворена истрага, а истражувачите денеска соопштија дека е пронајдено неговото тело и дека се уапсени две лица.

Уапсените мажи закажале состанок со Сошников во мирниот дел на градот, а потоа стрелале кон него од огнено оружје од домашна изработка, соопшти истражното биро.

Осомничените од жртвата зеле 2.284 евра и документи за автомобил марка „бе-ем-ве“, кој планирале да го продадат.