Свет Европа Уапсено цело семејство кое планирало да се приклучи на џихадистите

Уапсено цело семејство кое планирало да се приклучи на џихадистите

Шпанската полиција уапси четиричлено семејство, вклучувајќи и 16-годишни близнаци, кои планирале да заминат во Сирија и да станат џихадисти.

Во соопштението од шпанските власти се наведува дека родителите и синовите се од мароканска националност, а се уапсени во Бадалона, во близина на Барселона.

Според Министерството за надворешни работи на Шпанија, постариот брат минатата година ѝ се придружил на групата Исламска држава, каде загинал. Близнаците го напуштиле училиштето во Шпанија за да го изучуваат Куранот во Мароко, во рамки на џихадистичка обука.