Подглавна секција Уапсен 27-годишен маж за убиство во Крива Паланка

Уапсен 27-годишен маж за убиство во Крива Паланка

„По извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20 ноември, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт“, соопштува МВР

Фото: МВР

Одделот за криминалистичка полиција-сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово-ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д. (27) од Крива Паланка, кој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д. (76) од Крива Паланка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 21 ноември, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20 ноември, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело“, соопштуваат во МВР.

За случајот поднесена е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.