Хроника Уапсени двајца скопјани кои судот ги барал за издржување затворски казни

Уапсени двајца скопјани кои судот ги барал за издржување затворски казни

Скопската полиција, постапувајќи по судски наредби, во вторникот уапсила две лица кои се барале за издржување затворски казни, информира полицијата.

Во едниот случај, според полицијата, станува збор за скопјанецот Виктор А. (35), кој се барал за издржување затворска казна од четири години, а бил осуден за кривичните дела тешка телесна повреда и тешка кражба.

Истиот ден бил уапсен и Бобан Р. (38) од Скопје, за кого имало судска наредба за издржување казна затвор од една година и два месеци за тешка кражба.

Двајцата скопјани биле спроведени во полициската станица Центар за понатамошна постапка.