Свет Балкан Уапсени десет лица осомничени дека ѝ помагале на ИД

Уапсени десет лица осомничени дека ѝ помагале на ИД

Во централниот округ Кона, турската полиција денеска уапси 10 осомничени членови на Исламска држава, објави турската телевизија НТВ.

Како што објавува телевизијата, полицијата извршила акции на 15 адреси во центарот на градот Кона.

Во операциите се уапсени вкупно десет лица, кои се верува дека имаат врски со ИД.

Се претпоставува дека уапсените врбувале членови на ИД и давале логистичка поддршка на џихадистите.

Операцијата е преземена неколку дена по крвавиот напад во Истанбул, извршен од бомбаши-самоубијци, при што беа убиени десет германски туристи.