Свет Европа Уапсени 22 лица за бомбашкиот напад во Истанбул со 6 жртви и...

Уапсени 22 лица за бомбашкиот напад во Истанбул со 6 жртви и 80 повредени

Фото: David Berkowitz from New York, NY, USA, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Турската влада ги обвини курдските милитанти во понеделникот за експлозијата во која загинаа шест лица на главната шопинг улица во Истанбул, и рече дека полицијата уапсила 22 осомничени, вклучувајќи го и лицето кое ја поставило бомбата, пренесе Ројтерс.

Во нападот загинаа шест турски државјани, по два члена од три семејства. Преку 80 луѓе се повредени. Според властите, 31 од ранетите сè уште се на болничко лекување, а две лица се во критична здравствена состојба. Турските власти го опишаа нападот како терористички.

Државната телевизија ТРТ објави снимка на која се гледа како полицијата приведува жена, која е наводно главна осомничена за бомбашкиот напад.

Според турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, одговорни за бомбашкиот напад се Крудската работничка партија (ПКК) како и Сиријската курдска милиција, која според Анкара, е крило на ПКК.

До сега, ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.