Свет Свет Уапсени 17 осомничени терористи во Малезија

Уапсени 17 осомничени терористи во Малезија

Малезиската полиција уапси 17 лица за кои постои сомнеж дека подготвувале терористички напади во главниот град Куала Лумпур.

Како што јавуваат локалните медиуми, двајца од уапсените се повратници од Сирија.

Минатата година вкупно 92 лица се уапсени поради поврзаност со џихадистичката сунитска организација Исламска држава.