Македонија Во Белгија уапсени 12 лица, осомничени за тероризам

Во Белгија уапсени 12 лица, осомничени за тероризам

Белгиската полиција синоќа уапсила 12 лица осомничени за тероризам во рации извршени во 40 домови во Белгија, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител, додавајќи дека лицата се осомничени за подготвување напади.

Во рамки на акцијата се приведени 40 лица, од кои 12 се здржани во притвор. Полициската акција е спроведена во 16 општини, од кои повеќето се наоѓаат во Брисел и во неговата околина.

За време на операцијата немало никакви инциденти, а не се откриени оружје и експлозивни направи.

Белгиските медиуми јавуваат дека белгискиот премиер Шарл Мишел, како и министрите за правда, за внатрешни и за надворешни работи, и нивните семејства, се под зајакнато обезбедување.