Свет Уапсен припадник на ИД со американски пасош

Уапсен припадник на ИД со американски пасош

Припадник на Исламска држава од САД е приведен на северот на Ирак откако дошол од територија која е под контрола на оваа милитантна група во Сирија, јави „Си-Ен-Ен“.

Борецот, кој наводно поседувал американски пасош е уапсен во близина на Синџар и е предаден на курдските власти во регионот.

Во меѓувреме, САД и нивните сојузници соопштија дека вчера во Ирак и Сирија извршиле 15 воздушни напади.

Единаесет напади се извршени во близина на седум ирачки градови, а погодена е тактичка единица на милитантите и две возила.

Во Сирија во четири удари се погодени четири тактички единици на Исламска држава и уништени се две возила и две борбени позиции.